Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на својата фејсбук страница објави уште една тажна вест, дека животот го загуби уште еден млад лекар.

Се работи за доктор Сенат Грбович, кој како што пишуваат од АСМЛ, животот го загубил како последица на пандемијата од Ковид 19: -Уште една загуба на лекар во оваа пандемија.

Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат. – напишаа на нивната официјална страница АСМЛ.

Познаниците, блиските и колегите на доктор Сенат кој прерано замина се простуваат од него на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.