Актуелниот градоначалник на Општина Дебрца од редовите на СДСМ, Зоран Ногачески на престојните локалните избори ќе бара втор мандат од граѓаните, но некако партиски, туку како независен кандидат.

Покрај собирањето на потписи за неговата кандидатура, денеска почна и собирањето на потписи за независната листа за членови на советот на Општина Дебрца.

Зоран Ногачески од 2013-2017 година е претседател на општинската организација СДСМ Дебрца. На локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, Зоран Ногачески е избран за градоначалник на Општина Дебрца, освојувајќи мнозинство гласови во првиот изборен круг од локалните избори 2017.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.