Уште двајца кумановци починаа од коронавирус вечерва, потврди при вклучувањето во „Топ-тема“ градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

За жал, вечерва во Куманово уште двајца пациенти починаа од ковид-19. Ова го потврди Центарот за јавно здравје, изјави Димитриевски во вклучувањето во „Топ-тема“.

Неофицијално, еден од починатите е полицаец, кому пред 10 дена му било дијагностицирано дека е позитивен на Ковид-19.

Денеска беа регистрирани 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до 12 часот денеска изнесува 570 лица, 30 излечени и 21 починати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.