Во Охрид има 1.401 дивоградби, доколку Општина Охрид одлучи да го урне мојот локал, тогаш ќе треба да урне уште многу други локални кои се наоѓаат до езерото. Oва во интервју за ТВ21 го вели советникот на ДУИ, Нефи Усеини, кој тврди дека ги поседува сите документи за да потврди дека има дозвола за локалот и дека нема ништо илегално во изградбата на објектот.

Град Охрид има 1.401 дивоградби кои постојат веќе неколку години. Мојот локал со документација не е нелегален, имам документи, вели Усеини.

Како што пренесува телевизијата, тој тврди дека „сите му се качиле на глава“ бидејќи тој е единствениот Албанец кој поседува локал во Охрид, а тој 13 години платил се што треба.

Дивоградбите во близина на езерото, хотелите, рестораните, терасите, јас сметам дека треба да има правда од општината. Државата нека презема мерки и да ги урне тие објекти кои се до езерото, кои го загризуваат градот Охрид со исклучување од УНЕСКО, рече Усеини.

Дивоградбрта кај чинарот во Охрид предизвика интерес кај јавноста, како и неговото однесување откако беше обвинет дека нападнал инспектор и професор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.