Ноќва било провалено во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, при што била украдена документација и причинета материјална штета, соопштија денеска од партијата, додавајќи дека сосема јасно се укажани на мотивите на сторителот, чија цел биле партиските информации.

СДСМ се уплашени. Заев и Пендаровски знаат дека губат, соочени со неминовниот изборен пораз ја покажаа целата своја нервоза. Заев, Пендаровски и Спасовски се прочитани од граѓаните. Ниту еден обид за заплашување не поминува, соопштија од ОК на прес-конференција.

Од ВМРО-ДПМНЕ го пријавиле случајот во МВР и екипи на полицијата извршија увид.

Ова е трет вандалски чин врз имотот на партијата во градот за период од 7 месеци. За претходните два нема завршница, истото го очекуваме и за овој. Јасно им порачуваме на сторители, кои се охрабрени од моменталната власт. Одговорност ќе има. Дури и сега да се спасите, со доаѓањето на правната држава и владеењето на правото во Република Македонија одговорност за секој прекршок и криминално дело ќе има. Без разлика кој и да е сторителот, велат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.