Управниот одбор на Пошта на РСМ, каде од изутрина почна генерален штрајк, им понуди на синдикалните организации од 1 јуни годинава линеарно да се зголемат за 3000 денари платите на 1700 вработени од оперативниот дел (поштари, шалтерски работници и други), а од 1 август и на административните службеници.

 

Откако предлогот ќе биде доставен официјално ќе биде разгледан од синдикалните одбори, ќе изготвиме спогодба и доколку се прифати понудата и се потпише спогодбата штрајкот ќе биде прекинат, информира претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигданов на заедничка прес-конференција со членовите на УО и генералниот директор Јани Макрадули.

Главното барање на синдикатите е линерно зголемување на платите од 3000 денари. Предлогот  што го добиле е за тој износ преточен во бодови согласно со Колективниот договор на Македонска пошта.

Да се исполнува нашето барање со компромис согласно финансиските можности, рече Велигденов.

Генералниот директор Макрадули  информираше дека вработените ги почитуваат законските обврски за работа и испорака на пратките во услови на штрајк. Со оглед дека се почнати преговорите, како што информира, дневниците на вработените ќе им бидат исплатени.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.