Да помогнеме на оние кои им е најпотребно во овој момент. Погодените од земјотресот во Турција и Сирија.

Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира пунктови за собирање донации.

Место: Плоштадите на сите градови во Македонија

Време: 11.02 и 12.02 сабота и недела од 12.00-14.00 часот

Во вакви моменти треба да се потсетиме дека можеме со хуманост и солидарност да им помогнеме на овие луѓе кои за миг изгубија можеби и сѐ што имале.

Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес.

Потребни донации:

ЗИМСКА ОБЛЕКА (ВОЗРАСНИ И ДЕЦА)
Палто – монтка
Мантил за дожд
Чизми-чизми
Џемпер
Панталони
Ракавици
Марама – Шал
Беретка/капа
Чорапи
Долна облека
ДРУГИ МАТЕРИЈАЛИ
Шатор
Кревет
Душек (за шатор)
Ќебе
Вреќа за спиење
Каталитичка греалка
Боца
Термос
Рачно фенерче
Полнач powerbank
Генератор
КУТИЈА ЗА ХРАНА (ИЗДРЖЛИВА ХРАНА – КОНЗЕРВИРАНА)
ДЕТСКА ХРАНА
ПЕЛЕНИ
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ХИГИЕНА
ХИГИЕНСКИ ВЛОШКИ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.