Унгарскиот амбасадор во Македонија, Ласло Дукс, во интервју за весникот „Слободен печат“, ги отфрла тврдењата на словенечкиот портал „Нецензурирано“, како и на европратеникот Ги Верхофштад, дека бизнис кругови блиски до владата на Виктор Орбан финансираат пропаганда против евроатлантската интеграција на Македонија.

Дали некои други центри го прават тоа, амбасадорот вели дека нема информација и коментар.

Унгарија силно ја поддржува змејата околу влегувањето во НАТО. Вие знаете дека во минатото секогаш се залагавме земјата да стане членка. Ние жалиме што требаше толку многу време, но среќни сме дека тоа се случува конечно и дека, иако ја чекаме ратификацијата на Шпанија, за неколку месеци овој процес ќе биде завршен. Унгарија е централноевропска земја, но е сосед на Балканот и има многу силни безбедносни врски и интереси во регионот. Гледаме дека приемот во НАТО е најважен столб на стабилноста, така што можам да ви кажам дека унгарската влада не финансира во било која форма анти-НАТО и анти-ЕУ пропаганда, вели во интервјуто за „Слободен печат“, амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.