Буковите шуми во кањонот Длабока Река, кој е дел од националниот парк Маврово, се прогласени за светско природно богатство од страна на УНЕСКО.

Длабока Река е дел од планинскиот масив Кораб и тамошните букови шуми се карактеризираат со природни процеси кои се речиси недопрени од човекот во последните 100 години. Со ова признание, тие добиваат статус на светско природно богатство, покрај древните и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Номинацијата ја иницираа Министерството за животна средина и просторно планирање и националниот парк Маврово, а е изработена со поддршка од Институтот за екологија во Клагенфурт (Австрија) и национални експерти.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ја донесе на вчерашната проширената 44. сесија во кинескиот град Фуџоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.