Ни премиерот Зоран Заев, ниту некој од Владата, ниту специјалниот пратеник Владо Бучковски во овој момент не треба да се одат во Бугарија, затоа што таму се преокупирани со претстојните парламентарни избори, препорачува поранешниот претседател на Собранието и искусен политичар Стојан Андов.

 И да оди повторно во Софија, премиерот Заев реално нема со кого да разговара таму, бидејќи сите се преокупирани со изборите. Има време за посета. Ни Бучковски не треба сега да оди во Бугарија. Добро е премиерот да продолжи да остварува средби со високи функционери на ЕУ и со лидери на земји – членки, како што беше онаа со францускиот претседател Емануел Макрон, и да создава односи на разбирање. Умилкувања не помагаат, тие се надмината работа. Треба да се промовираат јасни пораки – да кажеме дека точно знаеме што сакаме, дека сме подготвени да работиме за да го оствариме тоа што го сакаме, и дека имаме црвени линии, вели Андов за „Дојче веле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.