ретседател Петро Порошенко потпишал за привремено воведување на безвизен режим за влез и транзит низ Украина за граѓаните на Македонија.

Ова се наведува на официјалната веб-страница на претседателот.

Во периодот од 16 март 2019 година до 15 март 2020 година се воведува безвизен режим за Украина и транзит низ територијата на Украина за граѓаните на Република Македонија, ако нивниот престој во Украина не надминува 90 дена во рок од 180 дена, се вели во документот.

Оваа одлука треба да донесе подобрување на пријателството меѓу Украина и Република Македонија како и интензивирање на билатералните контакти во областа на меѓусебните односни и намерите за продолжување на соработката за либерализација.

Извор: ТВ21

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.