Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада поднесен од ВМРО-ДПМНЕ денеска не беше прифатен во Собранието.

Предлогот со кој ВМРО-ДПМНЕ бара да се укине „пржинската влада“ по скратена постапка и да се оди на предвремени избори не доби поддршка од мнозинството пратеници да биде усвоен.

Само 32 пратеници гласаа „за“, а 55 гласаа против.

Предлогот предвидува да се укинат 100 дена техничка влада пред одржување на парламентарните избори.

Пржинскиот договор беше постигнат во 2016 година, по долги преговори на тогаш четирите најголеми партии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.