Да се укине карантинот за граѓаните од Македонија и Грција, побара омбудсманот во Албанија.

Причината како што тој наведе е спречувањето на уставното право на глас на оние емигранти кои сакаат да го искористат ова основно право на општите парламентарни избори, кои ќе се одржат на 25 април.

Оваа предложена мерка се смета за дискриминаторски третман кон нив, затоа што на албанските емигранти кои живеат во други земји им е дозволено да влезат во Албанија без да бидат ставени во карантин, додека на албанските емигранти во Грција не.

И претседателот Илир Мета, смета дека ова е сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

Итно укинување на одлуката, побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.