Во ек на светска пандемија и целосна блокираност на образовниот систем, македонската влада импровизира и си игра со иднината на илјадници ученици, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека веќе една недела алармираат за потребите од итни мерки за наставно образовниот процес, а власта не презема ништо.

Немаме време за импровизации. Иднината на илјадници ученици зависи од одлуките што ќе бидат донесени во наредните неколку дена. ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Донесување Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година. Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември. Учениците не смеат да бидат жртви на непромисленоста на Владата.  Очекуваме итно укинување на матурата. Учениците пред се, порача Христина Серфаимовска на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.