Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ реагира за случувањата во Македонија и за обидите на власта да преговара за македонскиот идентитет и да се избрише се што е македонско.

Укинете ја историјата како училишен предмет;
Забранете ги празниците ;
Стопете ги спомениците и паметниците;
Срушете ги музеите;
Закопајте ги реликвиите;
Пуштете багери врз гробиштата;
Запалете ги документите во книгите.

 

Ништо од ова не е непознато;
Ништо од ова нема да ви успее.

 

Македонскиот народ го сочувал јазикот.
Македонскиот народ ги сочувал придавките.
Македонскиот народ ја сочувал македонската историја со нив.

 

И Тој повторно ќе воскресне, како што воскреснува постојано.

 

Македонската посебност лежи во историјата, македонската посебност живее во усните преданија кои се пренесуваат од колено на колено.
Македонскиот ген го носи преживеаниот терор во себе.
И тој се пренесува, како аларм за предавства.

 

Македонското никој никогаш не успеал да го избрише!
Ниту петвековното ропство, ниту политичките насилни поделби, ниту сите војни на Балканот.
Ниту грчките црковни училишта, ниту бугарската егзархија, ниту великосрпството, ниту теророт на Енвер Оџа, ниту напалмот фрлан врз народот.

 

Ниту книги имало, ниту јазик се дозволувал, презимиња биле менувани.
Македонија сето тоа го надживеала.
Македонија ќе ве надживее и вас, сите!
Ќе останете како флека, нова страница во историјата од теророт врз народот.
Порано или подоцна, ќе ве пишува на црните страници од македонската историја на македонски јазик на којшто повторно во иднина ќе се учи!

 

И повторно македонски споменици ќе никнат,
И повторно македонски денови ќе се одбележуваат,
И повторно македонски херои ќе се слават
И повторно македонски Музеи ќе се издигнат,
И повторно македонски песни ќе се испеат, македонски песни за предавства, за терор, за ништење.
Македонски песни, на македонски јазик, за македонската судбина!

 

Е тоа ќе е историја со која не можете да се изборите уште од сега да ја избришете! – порачува Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.