Министерката за образование и наука Мила Царовска, во интервју во дневникот на ТВ Сител, информира дека училиштата се подготвуваат за старт на учебната година и со физичко присуство и за онлајн настава.

Мислам дека е важно сите училишта, сите градоначалници да се на ниво на задачата и да обезбедат онлајн учење, што значи дека националната платформа ние ја подготвуваме, а тие треба да обезбедат ИТ уреди и интернет пристап за да можеме во секој момент кога ќе се случи нешто, или ќе имаме можеби промена на епидемиолошката состојба сите деца да ги префрлиме на онлајн учење. Инаку од прво до трето одделение сега се подготвуваат за со физичко присуство во согласност со сите Протоколи и во согласност со Комисијата за заразни болести. За тоа ќе направиме и јавна презентација како би изгледал еден ден за учење со физичко присуство според протоколите – изјави Царовска.

Министерката истакна дека сите треба да знаат дека одлуката за учење со физичко присуство или онлајн учење не ја носат родителите, туку владината комисија којашто ќе одлучува согласно протоколите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.