Ученик во основното училиште „Славејко Арсов“ во Штип од утринава е ставено во изолација, откако тестотот на еден од неговите родители покажал се покажал позитивен.

Ученикот од второ одделение не е позитивен, туку неговиот родител. Од превентивни причини мајката на детето одлучила, што е и според протоколите, детето да биде во изолација, додека нејзиниот тест не излезе дека е негативен – вели Билјана Казанџиска, раководител на Секторот за образование, ЛЕР и јавни дејности во Општина Штип.

Таа потенцира дека состојбата во училиштето се следи, учениците од неговата паралелка, но и од останатите немале физички контакт со детето, кое е во изолација. Детето наставата ќе ја следи онлјан, од својот дом.

Директорката на градинката „Вера Циривири Трена“ – Штип, пак, Софка Атанасова од денеска е во изолација, бидејќи имала контакт со лице кое е позитивно на корона вирусот.

Казанџиска, за МИА вели дека директорката нема никакви симптоми, но во согласност со протоколите и да се заштити персоналот, самата директорка побарала да биде во изолација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.