Еден ученик од Основното учлиште „Блаже Конески“ во Велес, е заразен со Ковид-19, а во самоизолација се 16 негови соученици и наставничката.

Како што информира на прес-конференција градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, во моментов во велешките училишта има 20 ученици во самоизолација и две деца од градинка,

Од тие 20 ученици во самоизолација, освен 16 од ООУ „Блаже Конески“, има и уште четири ученици од ООУ „Св Кирил и Методиј“.

Меѓу наставниот кадар во велешките училишта и градинката нема заразени, но затоа има заразено едно техничко лице во ООУ „Панко Брашнаров“. Поради тоа во изолација се и двајца наставници од ООУ „Панко Брашнаров“ и по еден во ООУ„Блаже Конески“, гимназијата „Кочо Рацин“ и во ССОУ „Коле Неделковски“. Во самоизолација е и еден директор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.