Учениците сместени во домот „Мирка Гинова“ во Битола и годинава немаат тоалети. На фотографиите, кои на „Фејсбук“ ги сподели Марко Јосифовски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, се гледаат катастрофалните услови во кои се сместени децата. Јосифовски јавно ги прозва надлежните, додавајќи дека на помош од градоначалничката Наташа Петровска одамна не рачунаат, зошто таа е таму само за да седи и зема плата.

Започна уште една учебна година во Македонија. Нека е аирлија и со среќа на сите учесници во образовниот систем.

 

Епилогот од првиот училишен ден и не е така блескав како резултатите на владата на Зоран Заев. Учебната година започна со предупредувачки штрајк кој беше половично разбиен, баш во стилот на старите кумунистички мајстори, со поткопување на просветните работници, со закани, присила и уцени по работните места. Средства за покачување на платите на наставниците нема, а со оваа влада нема ни да има. Нивната плата во овој момент е најниско од просечната плата од кога и да било во историјата на независна Република Македонија. Но тоа не е сè.

 

Денес ни пристигнаа слики од домот Мирка Гинова – Битола. Овие слики ни ги испратија родителите на децата кои се сместени во овој дом. Имено, во домот Мирка Гинова – Битола, на третиот и четвртиот кат нема WC, исто така WC нема ниту во новото крило.

Дали во Министерството за образование и наука некој води грижа за овие деца?
За колку време од денес ќе бидат оспособени WC-ината во домот?
Дали некој ќе им се извини на жителите во домот и на родителите кои издвојуваат сретства од својот џеб за сместувањето на своите деца и дали некој ќе сноси одговорност за оваа несериозност?

Овие прашања ги поставуваме до министерот за образование како и до новата негова заменичка, која за жал е и наша сограѓанка. Да дадат одговор на овие прашања, а заедно со одговорот да поднесат и оставки од своите позиции кои ги узурпираат.

 

Овие прашања ги поставуваме до претседателот на СДММ и директор на агенцијата за Спорт и Млади, познатиот и признат кафански бекрија и мераклија Дарко Каевски. Исто така и за него важи истото, заедно со одговорот да си поднесе оставка од својата позиција, бидејќи ова е срамота што им се случува на младите во тој дом кои во 2019 година немаат WC.

А што се однесува до градоначалничката Наташа Петровска, ние, младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ веќе од многу одамна не рачунаме на нејзините услуги и нејзината институција, бидејќи де факто апсолутно ништо не работи, само што на секој први зема градоначалничка плата и полза долга низа на привилегии од општинскиот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.