Учениците од гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово денеска беа спречени да протестиаат за чист воздух и да им се приклучат на своите врсници од целата земја.

Таму директорот на гимназијата „Гоце Делчев“ им ја заклучи влезната врата со цел да го спречи нивното право на протест загарантирано со устав.

Учениците кои денеска сакаа да излезат на протест беа под голем притисок со закани и уцени беа спречувани да дадат поддршка во битката за чист воздух. Фотографии се споделуваа од Кочани, како и од  „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“ во Скопје, каде дури и директорката на училиштето беше разрешена поради заканите упатени до учениците.

Со свој став се јави и хелсиншкиот комитет кој остро ги осуди обидите за спречување на уставното право да се протестира.

Хелсиншкиот комитет за човекови права остро ги осудува обидите да се попречи уставно загарантираното право на мирен протест на средношколците. Истовремено, Хелсиншки во реакцијата извести дека Комитетот ќе поднесе претставка до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат поради недозволивото однесување на директори на училишта, кои се обидоа со заплашување и закани да ги спречат учениците да излезат на денешниот Марш организиран од движењето Fridays for Future-Скопје и коалицијата „Зелен фронт“, стои во реакцијата на Хелсиншки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.