Учениците Албанци од основните училиште не покажуваат интерес за учење македонски јазик, иако од четврто одделение овој предмет е задолжителен, истражува „Алсат“. Наставниците велат дека многу фактори влијаат за ова, дури и политиката во последните години. Наставничката Ениса Абдулаи, како една од причините ги наведува и проблемите во наставната програма. Според неа, она што нема никаква смисла е што прво се изучуваат текстовите, а потоа буквите.

Наставните програми и планови се тешки, особено ако се земе предвид дека тие започнуваат во четврто одделение. Претходно македонскиот јазик беше задолжителен од трето одделение и мислам дека таа реформа треба да се врати. Повеќе се фокусираме на другите јазици, отколку на македонскиот. Тие имаат потешкотии, особено во шесто одделение. Илустрации дефинитивно недостасуваат, книгите се многу оскудни, ако не ги преведам јас текстовите, песните, тие веројатно нема да ги разберат, изјави Ениса Абдулаи, наставничка по макдонски јазик.

Погледнете ја целата сторија на „Алсат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.