Денес починаа 46 лица, но тоа не ги засега првоповиканите, Филипче и Заев. Тие наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори. Не може тоа никако да се окрактеризира освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе тие си возат мотори. Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои.

Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.