Со народните пари се случува перење на пари, на граѓаните им е нереален а суштината на секое владеењето е Буџетот. Ако е власта паметна Буџетот може да е развоен или да ја влече државата назад, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата Јади Бурек на ТВ Сонце на прашањето што се случува со народните пари.

Јас се обидов низ полу стручна дебата да објаснам што прави власта на Заев. Власта на Заев за само две години 2020, 2021 ке ја задолжи Македонија за една милијадра и 500 милиони евра. Дупката во Буџетот за 2020 е 920 милиони евра, а проектираната дупка за 2021 година е 568 милиони евра. Имаме милијарда ипол задолжување за две години, Власта на Заев за само две години ја задолжила Македонија за милијадра и 600 милиони евра. Милијрда и 500 милиони евра беше вкупното задолжување за 7 години, а сега се само толку за две години, изјави Николоски.

Според него во Буџетот за 2021 е предвидено рекордно ниво за плати 510 милиони евра, што е апсолутен рекорд на било која Влада. Капитални расходи за 2021 година се 371 милион евра. Вели повеќе ќе се троши за плати, отколку за капитални инвестиции.

Оваа година има уште еден рекорд, владата ќе потроши 347 милиони евра во стоки и услуги , за уживање на власта и за кое што нема никаква контрола . Во Буџетот постојат и други трансфери, се остава дел од парите , дека мора да има дел кој непредвидено би се трошеле, тоа се 641 милион евра , скоро двојно повеќе од капиталните расходи, кои се насочуваат како дотации до невладини организации, општини, до други субјекти.Власта има интерес да си се финансира себе, со цел да го крадат народот . Одговорност ќе има, изјави Николоски во емисијата Јади Бурек.

Јас сум убеден дека оваа година ќе падне власта. Моите очекувања е дека оваа година власта ќе падне, изјави Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.