Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ќе го одржи својот четврти изборен Конгрес. Меѓу точките на дневниот ред се и избор на Претседател на партијата, т.н. Конгрес на постојаноста, во кој ќе влезат една третина од делегатите, партиска Изборна комисија, како и Национален совет што ќе биде составен од еминентни личности од јавниот живот во земјата и странство.

Ќе се усвојат и статутарни промени со сите нови органи, вклучително и Секретар за еднакви можности и пет Резолуции како програмски приоритети: консенсуална интеграција, ветинг, квалитетен живот, развој и работни места и младите на прво место, како и Декларација за нашите вредности.

Она што е интересно е една фотографија која кружи нa социјалните мрежи во која, од делегатите што ќе учествуваат се бара да бидат убаво облечени и да останат до крајот на конгресот, односно да не излегуваат предвреме.

Почитувани делегати! Ве замолуваме утре во 15.30 часот без задоцнување да седнете во делот од столчињата и да бидете формално облечени со костуми. Во салата треба да останете до крајот на конгресот, се вели во пораката.

Конгресот на интергративците е со почеток во 16 часот во СРЦ „Кале” во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.