Новата партија на Александар Тортевски, наречена „Твоја партија“, ќе учествуваа на претстојните парламентарни избори во април, најави вечерва адвокатот во емисијата „Клик плус“.

За 7 декември е одреден е термин на основачко собрание, на 23 ноември имаме отворена седница на иницијативен одбор. Покрај тоа што огромен дел од активностите одат онлајн, тоа навистина се покажува исправно, многу е добро тоа решение, ние имаме состаноци иницијативен одбор на кои имаме луѓе од Австралија, Амстердам, Лондон, со коишто разменуваме мислења, луѓе од Битола, Охрид се вклучени во дебатите, сепак заклучивме дека живиот контакт ни е потребен, да се видиме кои сме што сме, рече адвокатот Тортевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.