ТВ презентерка на вести ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, пишува порталот „zoom.mk“. 

Синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.