Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Македонија, а ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.