М-НАВ АД Скопје денеска реагираше на, како што се наведува, сензационалистичкото пишување на некои портали кои известија дека авион на „Туркиш ерлајнс“ вчера имал дури пет неуспечни обиди да слета на скопскиот аеродром.

Од компанијата сооптија дека поради лошите временски услови над скопскиот аеродром односно поради појава на кумулонимбусни облаци авионот не можел да слета, туку по одлука на пилотот воздухопловот се вратил на аеродромот на поаѓање Истанбул.

Не е вистина дека имало обиди за слетување туку воздухопловот кружел, чекајќи да се создадат поволни временски услови за слетување на скопскиот аеродром но бидејќи истите не се создале донел финална одлука да се врати на истанбулскиот аеродром.

Од страна на Контролорите на летање кои биле на должност, била дадена максимална поддршка и било постапено согласно барањата на посадата.

Извор: Локално

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.