Корисници на различни социјални трансфери од Куманово изминатиов период, секојдневно доаѓаат пред Центарот за социјални работи и бараат информации како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка.

Граѓаните се туркаат пред просториите на објектот, па од вчера, надлежните од установата побарале асистенција од СВР Куманово за да не се создава метеж пред објектот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Граѓаните најмногу прашувале како да се запишат на списоците за користење на платежна картичка, како банката ќе им ја доставува картичката, некои имале различна адреса од наведената во документите, некои немале телефон за контакт.

Од Центарот појаснија дека остануваат можностите граѓаните да се информираат и преку фиксен телефон и мобилен дежурен телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.