Турција денеска ќе и достави на Македонија помош во медицински материјали за справување со коронавирусот.

Помошта ќе биде транспортирана со авион на турската армија што треба да слета на Меѓународниот аеродром – Скопје попладне во 14:25 часот, информира Амбасадата на Турција во Скопје.

Медицинските материјали на македонските власти ќе им ги предаде турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок.

Помошта од Турција, согласно договорот за донација меѓу двете земји, се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери, 1000 дијагностички тестови и друг медицински материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.