Турција вечерва го ратификуваше протоколот за нашето членство во НАТО, а веста на Фејсбук ја објави вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim! – напиша Шекеринска.

Досега околу две третини од НАТО членките го ратификуваа протоколот за прием на Македонија, а во останатите отпочнати се постапките за ратификацијата, како што се Луксембург, Исланд, Велика Британија, Шпанија, Франција, Холандија и САД.

Согласно процедурите, целиот процес се очекува да заврши до крајот на годинава, а на самитот на НАТО во Лондон во декември, земјава и формално да биде примена како полноправна членка на алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.