Туѓо не сакаме, свое не даваме!
Македонија не е на продажба!
Врховизам поддржан од ЕУ!
ЕУ пичку матер!

Ова се само дел од транспарентите пред Влада. Народот и вечерва се насобра пред Владата да го искаже своето НЕ за францускиот предлог. На сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ излегоа десетици илјади граѓани и кажаа големо НЕ на оние кои, како што велат ја распродадоа Македонија.

Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки. И вечерва учесниците упатија пораки против францускиот предлог и апели да не се потпишува.
       

ФОТО: РЕПУБЛИКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.