Во касарната „Илинден“ се одржува централна свеченост по повод третата годишнина од членството на Македонија во НАТО.

Најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Дел од свеченоста ќе бидат неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.