Професорката Тања Каракамишева добила пријава за расистички и ксенофобичен статус од страна на Хелсиншки комитет.

Само што излегов од полициска станица Центар.

Вчера ТРОЈЦА полицајци ги вознемирија моите малолетни деца носејќи ми покана дома да се јавам денес во 11 часот во станица “под сомнение дека сум сторила кривично дело од чл.394-г од КЗ, Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Пријавена сум од ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ по чл. 319 од КЗ “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторна основа”.

Професорката го сподели и Фејсбук статусот за кој е под сомнение, а се однесува за мигрантите.

И јасно е се!

ПОЛИТИЧКИОТ ПРОГОН ГО ПУШТААТ НА МАКСИМУМ.

ХЕЛСИНШКИ, ДЕЖУРНИ БРАНИТЕЛИ НА ВЛАСТА, ЌЕ СЕ ВИДИМЕ ПРЕД ЛИЦЕТО НА ПРАВДАТА!

ВИЕ ЌЕ СЕ СРАМИТЕ ОД СВОИТЕ ПОСТАПКИ, ЈАС ЌЕ ОСТАНАМ НА СТРАНАТА НА ВИСТИНАТА И ПРАВОТО!

НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ! НЕМА ДА МЕ ЗАПЛАШИТЕ!

БОРБАТА ПОЧНА, НЕМА ВРАЌАЊЕ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.