Со поглед во огнометот кандодатот за градоначалник на Струмица од СДСМ МКОстадин Костадинов побара верба од Струмица.

Барам верба Струмицо, мојата младост нека ви биде гаранција за искрената моја намера да ве водам и да ви служам, да одиме напред кон најдоброто, оти само заедно сплотени и единствени можеме и мораме да успееме!
И кога еден ден ќе прошетам повторно без мандат, да ве погледнам и да се поздравиме како човек со човек.
И кога еден ден ќе не нема, нека делата од овие четири години говорат за заедничкиот наш успех и нека тогашните генрации си ја спомнат сегашната верба.
Биди горда Струмицо оти ќе победиме, ќе победиме убедливо, достоинствено.
Од срце за Струмица! ❤️

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.