Со новите 160 случаи на заразени со корона вирусот од направени 2.172 тестирања регистрирани во минатите 24 часа, вкупната бројка на заразени со Ковид-19 во Македонија се искачи на 12.515.

Во изминатото деноноќие починаа тројца пациенти: двајца од Скопје (60 г. и 72г.) и една пациентка од Гостивар (53 г.), сите тројца во болнички услови. Со нив вкупниот број на луѓе што ја загубија битката со вирусот се искачи на 535.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни оваа година.

Од вкупниот број активни случаи, во Скопје има 986, во Штип 293, во Гостивар 264, во Куманово 243, во Струга 169, во Тетово 156, во Кичево  133, во Кавадарци 106, во Дебар 65, во Свети Николе 67. Во другите градови има под 50 активни случаи.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 43 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот, и тројца пациенти суспектни.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 72 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Најмногу активни случаи во Скопје има во општина Чаир – 138, потоа следи Аеродром – 125, Гази Баба – 112, Карпош – 103, Центар – 86, Кисела Вода – 81, Ѓорче Петров – 69, Шуто Оризари – 67, Бутел – 66, Сарај – 35, Студеничани – 32, Арачиново – 18, Илинден – 17, Сопиште – 12, Чучер Сандево – 9, Зелениково- 6, Петровец – 5, Странец – 3 и нераспределен – 2.

Министерството за здравство информира дека со зголемување на капацитетите за дијагностика и зголемувањето на бројот на тестови, со пристапот на широко тестирање, целта е рано откривање и следење на што е можно поголем број на случаи, вклучувајќи ги и асимптоматските носители на Ковид-19.

Оттаму апелираат до граѓаните да продолжат да се придржуваат до трите правила – носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на рацете.

На ЈЗУ Клиниката за психијатрија се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19, почнувајќи од март, соопшти Министерството за здравство.

На првата телефонска линија за психолошка поддршка, која беше отворена на 15 март за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден од 8 до 20 часот, имало повеќе од 2.200 разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.