Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, изјави дека против него е изготвена кривична пријава, која, како што вели, е фингирана од страна на Министерството за внатрешни работи.

Првин ме избркаа од работа, а откако видоа дека не можат да ме запрат, почнаа да бараат начин трајно да ме замолчат. На неколку наврати ми беа испраќани провокатори кои сакаа да ме предизвикаат на физичка пресметка. Не подлегнав. Во последните месеци засилено работеа на изнаоѓање на начин како да ми измислат и натоварат дела и да ми подигнат лажно обвинение, како наместо по комитети би ме влечкале по судови. Моментално веќе подолг период во фиока во МВР стои изготвена фингирана кривична пријава против мене, без основа и аргументи. Овие информации дојдоа до нас од страна на свиркачи, кои се загрижени во кој правец се движи државата. Институциите целосно се ставени во функции на фамилијата Заеви – истакна Трипуновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.