Околу триесетина деца згрижени во кумановска градинка „Ангел Шајче“ викендов биле прегледани и побарале помош во болница, откако се пожалиле на грчеви во стомак, болки, дијареја и други симтоми на труење со храна, потврдија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Три од нив болнички се лекуваат, останатите по пружената терапија се пуштени на домашно лекување. Дел од родителите ги однеле децата и во Скопје.

Од кумановската градинка потврдуваат дека во моментов кај нив се инспектори од Државниот санитарен здравствен инспекторат, од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Од градинката, од инспекторатот и од агенцијата, епидемиолошката служба најавија информации во текот на денот.

Од државниот санитарен и здравствен инспекторат информираат дека од утринава е почнат вонреден инспекциски надзор. Инспекторите се на терен со екипа на Центарот за јавно здравје Куманово. Надлежните ќе земат брисеви од повеќе површини од објектите, за да се утврди дали изворот на заразата е во градинката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.