Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат.

Три лица досега ми се заканија: да не давам изјави, да внимавам затоа што ќе ме убијат! Јас би им кажал дека сум тука и нема да бегам никаде. Ако има такви луѓе без морал што можат да убијат невин човек кој го донел својот татко во болница за да се лечи, а го земал изгорен заради нивна грешка, јас сум тука, вели Емшиу.

Емшиу вели дека два дена пред несреќата, еден од докторите им рекол дека модуларната болница ќе се затвора, но не ја знае причината за тоа. Додава дека, ако треба, правдата ќе ја бара и во Италија каде што живее.

Таткото и братот што ги изгубив имаат документи и адреса во Италија, и ако треба и таму ќе бараме правда. Луѓето што ги изгубив нема да се вратат, но казни за грешките што се направени во таа болница мора да има. Ќе барам правда до крај, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.