Основниот кривичен суд во Скопје ја донесе првата пресуда за случајот „Рекет“ и му пресуди три години затвор за Зоран Милевски – Кичеец, откако вчера на првото рочиште тој призна вина за делото.

Милевски се товари за „примање награда за противзаконито влијание“.

Судскиот преоцес „Рекет“ продолжува во петок против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.