Уште некој дека во јуни 2018, по потпишувањето на Преспанскиот договор, македонското Министерство за надворешни работи објави упатство со кое новинарите беа љубезно замолени да употребуваат Македонци, а не северномакедонци, да употребуваат македонски, а не северномакедонски… Тогашниот министер за надворешни работи Никола Димитров гордо изјавуваше дека тие како министерство ќе реагираат на секое непочитување на ова упатство. Безмалку три години потоа се обвистинија сите предупредувања дека со новото име Македонија природно на сите јазици ќе си дојде и „северномакедонско“ или „северномакедонци“.

Во последниов период во неколку наврати се обидовме од Министерството за надворешни работи да дознаеме дали ова упатство (кое сѐ уште е на интернет страницата на МНР) се почитува, колку пати годинава МНР реагирало на негово непочитување, некаква статистика, број на корекции направени по нивна интервенција… Молк. Одговор од МНР нема. Упорното продолжување на употребата на придавката „северномакедонски“, заедно со упорниот молк и нереагирање од македонското МНР во однос на непочитување на сопственото упатство, едноставно веќе ја воспостави навиката тоа така и да биде. И никому ништо. Нема реакција. Има само молк за уште еден дел од непочитувањето на Преспанскиот договор, коментира новинарот Александар Дамовски на МКД.мк.

А оваа придавка не се употребува само од медиумите, туку и од меѓународните организации за кои гордо истакнуваме дека сме нивна членка, како на пример НАТО.

Колку и да сакаат Зоран Заев и Никола Димитров, потписниците на Преспанскиот договор, да нѐ убедуваат дека работата е зацементирана и дека е задржана придавката македонски, реалноста покажува нешто друго. За светот сè повеќе стануваме „северномакедонци“.


Целиот текст на МКД.МК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.