Морбилите ја земаа третата жртва, синоќа на Клиниката за детски болести почина 13 месечно бебе, потврдија од Министерството за здравство за „Република“.
Завчера почина 13-месечно бебе од Свети Николе кое се заразило од својот татко. Првата жртва беше шестмесечно бебе кое го загуби животот од компликации предизвикани од морбили.
Бебето од тетовско кое почина на Клиниката за детски болести претходно не било вакцинирано.
Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.
Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет, велат од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.