Трет бран веќе постои, не очекувам да биде посилен од вториот, вели микробиологот и професор на Медицинскиот факултет, Никола Пановски за „А1он“. Тој постојано предупредува дека треба да се зајакнат мерките, но овој пат вели дека нема да укаже на зајакнување.

Мерките кои ги препорачував не се прифатија пред вториот бран, нема да се прифатат ни сега, па не ги препорачувам, вели микробиологот Пановски.

Од советите што можат граѓаните сами да направат, за да се заштитат од коронавирусот, а предлага лицата кои се тестираат за ковид-19 да бараат брис да им биде земен на отворено оти просториите за тестирање смета дека се гнезда за ширење на вирусот.

Во затворен простор да не се користатат платнени маски, марами и други импровизации, само Н95 или хируршки. Да се возат автобуси и автомобили со отворени прозорци, да се проветруваат канцелариите, да се прави провев колку што може повеќе. Сите активности да се изведуваат на отворен простор. Брисеви за ПЦР да се земаат на отворено, како што е во „Жан Митрев“ и „Аџибадем“, инаку тие се гнезда за ширење на вирусот, заразените влегуваат во затворен мал простор, ја вадат маската, а потоа влегува друг итн. Во лифт, во тоалет на работа, задолжително да се носат маски и особено во тоалети во ресторани да се носи маска, советува микробиологот Пановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.