Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со пратеничките од Парламентот на Република Таџикистан. Студиската посета  е во рамки на „Размена на добри практики за вклучување на родовата перспектива и зајакнување на улогата на жените во Парламентот на Македонија“. Средбата се одржа во Ресурсниот центар за кој министерката рече дека е особено горда бидејќи освен во нашата земја има само уште два во светот, во Мароко и Кореја.  Министeрката ги информираше пратеничките дека очекува Ресурсниот центар да прерасне во регионален центар за јакнење на  капацитетите за креирање на родови политики и родово одговорно буџетирање, на  земјите во регионот и пошироко. Таа посочи дека целта на Министерството за труд и социјална политика е да воспостави систем кој успешно ќе ги решава прашањата кои се однесуваат на родово – сензитивни теми.

Наша примарна цел е внесување на родовиот концепт во буџетските политики на Владата на Република Северна  Македонија и креирање на родово сензитивен буџет, од кој бенефит подеднакво ќе имаат и мажите и жените во Република Македонија. Родово одговорните буџети се клучни за создавање на  еднакви можности  за жените  и мажите. Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна е буџетите да станат родово одговорни“, рече министерката Тренчевска.

Пратеничките од „Алијансата на пратенички во Таџикистан“, информираа дека улогата на жената во нивното општество секојдневно се зајакнува и дека сега имаат две жени – министерки, пет градоначалнички, и 17 пратенички од  63 пратеници во парламентот.  Тие се интересираа и за бројот на вработени жени во државниот и во приватниот сектор во нашата држава,  но и за законските решеија со кои Република Македонија ја унапредува положбата на жената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.