Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска информира дека веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат децата од било какви дојави за бомби.

-Ние постапуваме, не размислуваме. Веќе се испратени дописи до сите градинки како да се постапува и како да се заштитат од било какви дојави. Тоа е направено заедно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална работа во делот на градинките како да ги заштитиме и во случај да има дојави како безбедно да излезат децата од објектите, рече Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата „Униформа, оклоп кој значи ранливост – нашата секојдневна борба на два фронта“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.