Министерот за образование и наука, Арбер Адеми изјави дека службите во МОН ќе проверат за што точно се работи, одговарајќи на прашање дали знае за организирани борби на малолетници – ученици на отворени игралишта во центарот на Скопје. Снимки од тепачки меѓу деца, кои се опкружени од навивачи – нивни врсници, но и возрасни, се објавени и на социјалните мрежи.

Треба да провериме што е и како е, бидејќи како министер јас сум по состаноци и на настани. Ние имаме координиран пристап со сите институции, за сите предизвици со кои се соочуваме. И за овој предизвик или проблем, ако е така, ќе изреагираме ако не изреагирале веднаш моите колеги во Министерството за образование и наука, изјави Адеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.