За случајот „ТНТ“, за повлеченото обвинение против Ардијан Амзоски, за можната поврзаност на „ТНТ“ со „Рекет“, во интервју за Алфа телевизија зборува поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Тој вели дека се работи за политички монтиран случај, поради што побарал и изземање на обвинителката Катица Јанева.

-Сите судски институции во Македонија одлучуваа за овој случај. Досега имаме околу 35 судски пресуди од сите судски институции кои покажуваат дека ние законски сме постапувале, а вчера и обвинителот од СЈО, Рустеми, потврди дел од нашите тези. Една од нашите тези е, во ситуација кога веќе има поднесено обвинителен акт, и прифатен обвинителен акт против лицето Ардијан Амзоски, управител на фирмата која го градеше „Космос“, тие не смееле да покренат втор обвинителен акт против нас. Дали постои некоја поврзаност околу повлекување на тој обвинителен акт против Амзоски со цел да не дискридитираат нас, односно мене како градоначалник и вработените во Општина Гази Баба кои што постапувале. Втората теза е дека надлежноста на СЈО за „Космос“ ја воспоставиле на 14 декември 2015 година, а вчера Рустеми потврди дека обвинителниот акт до судот е доставен на 29 јуни 2017 години – после 18 месеци. Согласно законот на СЈО, после 18 месеци не може да поднесат обвинителен акт – вели Трајковски.

 

Целиот разговор слушнете го во видео разговорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.