Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски денеска во случајот „ТНТ“ го испрашуваше бизнисменот Фијат Цаноски. Трајковски истакна дека Цаноски добро знаел што и како се гради во објектот „Космос“ наспроти неговите тврдења минатиот пат дека не е запознаен.

Трајковски посочи дека Цаноски добро знаел и за ДУП-от за објектот, и за големината, и за пристапните улици…

Минатиот пат сведокот рече дека не знае ништо, а сега гледаме дека знаел и бил информиран за целата документација, објасни Трајковски.

И Цаноски беше принуден пред судот да потврди дека знаел за целата постапка.

Јас како сопственик и основач морав да дадам согласност за големите работи во фирмата, призна Цаноски.

На тоа се надоврза и судијата Ставрев.

Не може инвеститор да не знае што прави, посочи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.