По вечерашната средба на владината коалиција, Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз, во Дневникот на „Сител“ информираше дека премиерот Зоран Заев ги собрал коалициските партнери на разговор околу кадровските решенија во новата влада и текот на разговорите со Алтернатива.

Немаше некоја посебна расправа или развиена дебата. Премиерот зборуваше и за спорот со Бугарија. Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег. Се плашам за негативна рефлексија врз меѓуетничките односи, вели Трајанов.

Пред почетокот на средбата, пак, тој нагласи дека се прават пошироки консултации по што ќе се донесе некаков координиран заеднички став, но според неговите очекувања тој процес ќе трае уште најмалку месец дена.

Демократскиот сојуз нема намера да уценува и да притиска. Сега Владата на СДСМ ќе биде малку покомотна, ќе има 64 пратеници во мнозинството, така што некои од коалициските партнери кои не се задоволни можат слободно да ја напуштат коалицијата, рече Трајанов, посочувајќи дека очекува да види во кои правци ќе се движи новата влада, како ќе се одвиваат разговорите со Бугарија, како и дали ќе се даде фокус на стратешките прашања.

Тој сепак посочи дека има и спорни точки во договорот меѓу Зоран Заев и Африм Гаши, особено оној дел што се однесува на некаква си меѓународна експертиза за тешки судски случаи, а истото го потенцираше и по самата средба:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.