Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на Сител изјави дека Македонија е високо криминализирана држава.

Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот, рече Трајанов.

Тој предлага да се донесе Закон за борба против корупцијата и организираниот криминал и формирање на Агенција што ќе ги координира сите активности во борбата против криминалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.